Şenhan Bolelli
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - На маратонот за песови кој се одржа во главниот град на Шпанија, Мадрид, учествуваа повеќе од 3.500 кучиња од различни раси, јавува Anadolu Agency (AA).
Патеката од четири километри нудеше забава за човекот и неговиот најдобар пријател. Кучињата, по ветеринарскиот преглед, заедно со своите сопственици трката ја започнаа на градскиот плоштад Колон.
Некои песови поради измореноста не успеаа да ја завршат трката до крајот.
На необичниот маратон учествуваа и познати личности од шпанскиот свет на спортот, уметноста и телевизијата. На маратонот трчаа и амбасадорот на САД во Мадрид, Џејмс Костос и неговото куче. На Костос поради законот за заштита на животни во САД му е доделена „почесна награда”.
Маратонот традиционално се одржува во исто време од 2012 година. Организаторите наведуваат дека манифестацијата е организирана со цел „ солидаризирање со животните”, а 30 отсто од приходите ќе бидат дадени на здружението „ Перотон” кое организира активности со цел повикување на јавноста да се однесува кон животните со поголема одговорност.