Melike Kınacı
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Тренерот за пливање Тансу Башкурт, која го води училиштето за пливање за деца на возраст од два до 36 месеци, тврди дека се потребни само пет или шест часа за бебето да ја совлада техниката на пливање , јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерите на АА ја посетија пливачката школа за деца во Анкара и разговараа со тренерот Башкурт, која тврди дека децата се раѓаат со вроден инстинкт за пливање и дека само со неколкучасовна работа во базен, инстинктот за пливање кај бебињата може да се разбуди.
Башкурт нагласи дека целта на пливачката школа за бебиња е да се поттикне правилниот развој на телото, и истакна дека децата така се ослободуваат од стравот од вода и учат правилно да дишат, што им дава предност во случај на вонредна состојба.
Башкурт исто така тврди дека пливањето е најдобариот спорт за бебиња, во раната возраст, бидејќи обуката се врши врз основа на контрола на рефлексите.
„На почетокот на обуката бебето го ослободуваме од стравот од вода. Пливањето исто така помага за правилен развој на мускулите и на коскеното ткиво, а со тоа побрзо се развиваат моторните способности кај бебињата. Со ова се елиминираат проблемите на бебињата со спиењето и варењето на храна. Згора на тоа, многу бебиња уживаат во капењето во базен“, рече Башкурт.
Таа исто така истакна дека на часовите по пливање можат да присуствуваат и родителите и дека времето поминато на базен ги зајакнува односите меѓу децата и родителите.
„Часот по пливање трае половина час, а за три часа бебето веќе ја совладува контролата на дишење во базенот. Дополнително ни се потребни околу 10 часа за бебето да ја научи координацијата на движењата на рацете и на нозете. Значи, пет или шест часа вежбање се доволни бебињата да научат да пливаат“, рече Башкурт.
Единаесетмесечниот Кан веќе пет месеци редовно доаѓа на часови по пливање, а неговата мајка Елиф Караелмаш Бинај изјави дека е исклучително задоволна затоа што Kaн не се плаши од вода и поради тоа што заедно уживаат во базенот.