Amina Zorniç
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ГАЗА (АА) - Потрагата по питка вода, за хигиенски потреби, подготовка на храна и напојување на животните, претставува секојдневие на жителите на Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на 50-дневната израелска офанзива на палестинска територија во летото 2014 година, Газа претрпе огромно разорување при што уништени беа и постројките за вода.
Освен ископувањето на бунари, локалното население е присилено да пешачи со километри со цел во градските средини да може да ги набави неопходните и недоволни залихи со вода. Некои со помош на запрежна кола водата во буриња ја доставуваат до најоддалечените населби, првенствено семејства со деца.

Деновите кога има вода се посебно радосни за жителите на Газа. Водата која е оценета дека не е за пиење, се користи за лична хигиена и перење алишта.
Недостатокот на вода инаку не е ништо ново во таа густо населена територија каде бунарите се копаат уште од 2006 година кога израелските власти го блокираа пристапот кон овој појас.
Агенциите на Обединетите нации (ОН) неколкупати предупредија дека Појасот Газа е соочен со сериозна хуманитарна криза и недостаток на питка вода.