Umur Koçak Semiz
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ПАРИЗ (AA) – Еден од најдобрите светски готвачи Бенои Виолер пронајден е мртов во неговата куќа во швајцарскиот град Лозана, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата покрена истрага за причината за смртта а според неофицијални информации, 44- годишниот Виолиер извршил самоубиство пукајќи во себе од огнено оружје.
Швајцарскиот портал „24 Heures“ јавува дека Виолиер денес требало да присуствува на презентацијата на новиот водич на Мишелин на собирот во Париз.
Бенои Виолер е сопственик на швајцарскиот ресторан со три Мишелинови sвездички "Hotel de Ville" во близина на Лозана. Ресторанот во 2012 година го презеде од својот ментор Филип Рочат.
Добитник е на најпрестижните признанија и повеќекратен добитник е на награди за најдобар готвач во светот а неговиот ресторан, минатата година, беше прогласен за најдобар ресторан на свет.