Aldijana Hadzic
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
ГУАНГЏОУ (АА) - Во кинескиот град Гуангџоу отворена е првата продавница во која може да се купат патки како домашни миленичиња, известува Агенција Анадолија (АА).
Посетителите на продавницата имаат можност да се дружат со патките еден час и да се фотографираат. Ентериерот на продавницата е приспособен за овие животни и може да се забележат перници во форма на патки.
Во дружењето со овие животни особено уживаат децата, но и оние малку постарите.