Haris Badzic
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ЗЕНИЦА (АА) - Прва ревијална изложба на мачки беше одржа во саботата во Зеница, со што претставува и прва изложба од ваков вид одржана во Федерацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата на мачки е од хуманитарен карактер, а посетителите на изложбата презентираа 27 мачки од Зеница, Сараево, Лукавица и во Бања Лука.
Амра Алиќ, организаторката на изложбата истакна дека на изложбата се наоѓаат 27 мачки од 8 различни видови.
„Денес ја организиравме првата ревијална изложба на мачки во Зеница, и ова е прва изложба од ваков вид во Федерацијата на Босна и Херцеговина. Ваква слична изложба се одржа минатиот месец во Бања Лука, а одѕивот на граѓаните е голема. Главната цел е да се промовираат мачките и да се соберат на едно место сите љубители на мачки заедно со децата", рече Алиќ.
Таа додаде дека на изложбата се пријавени 27 мачки и 8 различни видови, а во расите кои се изложени спаѓаат персиски, сијамски, домашна европска мачка, најголемата мачка Мејн Кун.
Сите посетители имаа можност да разговараат со сопствениците на мачките и да се фотографираат со нив, додека парите од фотографиите одат во хуманитарни цели.
Изложбата ќе трае еден ден, а се одржува во трговски центар во Зеница.