Gorana Jakovljevic
21 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Паркот „Голден стејт“ во Сан Франциско во САД се смета за еден од најубавите паркови во светот, а годишно го посетуваат повеќе од 10 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во паркот кој е направен во 19 век, од мноштвото содржини, особено се извојува Јапонската чајна градина во која посетителите можат да уживаат во растенијата и животинските видови, како и во јапонската архитектура.

Најголемиот парк во Сан Франциско и јапонската градина во него, особено се волшебни во есен, кога посетителите можат да уживаат возејќи се по езерата, во своите прошетки и во набљудувањето на патките, рибите и останатите животни.
