Ekipa
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ЊУ ЏЕРСИ (АА) - „Холанд Риџ Фармс“ ги отвори вратите за посетителите кои сакаат да уживаат во сезоната на сончогледи во Крем Риџ, Њу Џерси, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Оваа фарма во семејна сопственост им нуди на посетителите искуство да берат сончогледи и самите да си аранжираат букети за себе.
Сезоната што започна на 24 септември ќе продолжи до крајот на октомври.
„Холанд Риџ Фармс“, исто така, имаат сезона на лалиња напролет. Фармата ја посетуваат стотици љубители на цвеќето.
Инаку, во САД ваквиот тип фарми, каде што посетителите сами ги бираат и берат производите, од цвеќиња, до овошје и зеленчук, се широко распространети.