Bilgin S. Şaşmaz
21 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Интерактивниот ренесансен фестивал што веќе 30 години се одржува во американската сојузна држава Висконсин, на посетителите им нуди можност да го поминат денот во „средновековна“ Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ренесансниот фестивал „Бристол“, кој се одржува во градот Кеноша, во текот на викендот го привлекува вниманието на илјадници посетители од сите делови на САД, но и од светот, со своите разновидни активности.
Се очекува во текот на 9 викенди, саемот да го посетат околу 400.000 посетители. Посетителите имаат можност да видат борба на витези, театарски претстави, но и други нешта карактеристични за средниот век. На фестивалот постои можност и да се купат производи карактеристични за средновековниот период.
Голем број од посетителите се костимирани и учествуваат во натпреварувањето за најдобар костим.
Фестивалот трае до 4 септември. Цената на влезот за возрасни изнесува 29,95 долари, а пак, за деца билетот е 11,50 долари.