İnci Gündağ
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ЛОНДОН (AA) – По повод 90 роденден на кралицата Елизабет II организирана е воена парада, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралицата заедно со сопругот, војводата од Единбург Филип, во кочија се придружи на парадата, која тргна од палатата Букингам.
Многубројните туристи и граѓани дојдоа да ја гледаат парадата во која учествуваа повеќе од 1.600 војници, 300 коњи и шест воени оркестри.
Кралицата, облечена во зелена комбинација носеше бели ракавици, а на зелениот шешир имаше розе цвет.
Таа, потоа, со сопругот со кој се во брак 68 години, се врати во палатата за да со другите членови од кралското семејство ги гледа маневрите на Кралските воздушни сили (RAF).
Елизабет II е родена на 21 април 1926 година. Во Обединетото Кралство претставниците на монархијата од 1748 година роденденот го слават два пати. Официјален роденден го прославуваат во вториот викенд во јуни, а друг датум е нивниот вистински датум на раѓање.
Елизабет II на британскиот трон се наоѓа 63 години што е најдолго во историјата на таа земја. Низа прослави се организирани и во април, кога, во текот на посетата на Велика Британија, американскиот претседател Барак Обама со сопругата Мишел и врачи подарок.
Вчера во катедралата St. Paul’s организиран е верскиот обред на кој присуствуваше и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Роденденска честитка упати и рускиот претседател Владимир Путин.
На улицата Мали пред Букинграм палатата утре ќе се организира јавна забава за десет илјади луѓе.