"Тоа што се случува во Париз, во нашите земји се случува секој втор ден"
“Слушнавме за нападите во Париз. Тоа не е добро, секој зборува за тие напади, но и во Пакистан секој втор ден се случуваат истите. Зарем ние не сме луѓе, зарем ние сме животни?“ , прашува СаидBesar Ademi, Admir Fazlagikj
21 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ГевгелијаГЕВГЕЛИЈА (АА) – На македонската јужна граница состојбата е мирна, иако од време на време економските мигранти од земјите кадешто нема војна,
протестираат барајќи од полицијата да ги пушти да ја поминат границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од МВР информираат дека во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.840 странски државјани, додека од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, а останатите мигранти се примаат во согласност со процедурите
Мигрнатите од Бангладеж, Пакистан, Иран, Мароко и другите земји испишаа и транспаренти на кои пишува “ И ние сме луѓе, пуштете не” , “Слобода за Бангладеш” , “Слобода за Пакистан” и слични натписи, сакајќи со тоа да го изразат своето незадоволство поради како што велат лошиот третман кон нив.
Саид од Пакистан се наоѓа токму на граничната линија на македонско-грчкиот граничен премин. Жалејки се дека со денови не му дозволуваат да ја помине границата, ги коментира терористичките напади во Париз, осврнувајќи се на состојбата во неговата земја.
“Слушнавме за нападите во Париз. Тоа не е добро, секој зборува за тие напади, но и во Пакистан секој втор ден се случуваат истите. Зарем ние не сме луѓе, зарем ние сме животни? Тие што ги организирале нападите во Париз треба да се фатат, зошто ние да бидеме обвинети за тие напади? “ , прашува Саид, обидувајќи се да разбере зошто сеуште не им дозволуваат да ја минат границата.
“Велат дека Пакистан е безбеден,но таму ниту армијата не е безбедна, таму ги напѓаат училиштата, воздушните сили на армијата, болниците, џамиите, дуќаните, секаде. Ако Пакистан е безбеден, зошто тогаш овие луѓе доаѓаат тука. Бараме слобода” , изјавува за АА, пакистанецот Саид.
Во непосредна близина на Саид се наоѓа еден мигрант од Бангладеж. Вели дека слушнал за немилите случувања во Парис, кои се за секоја осуда, додавајќи:
“Терористот секаде е терорист. И во мојата земја има терористи”.
Кажува дека не се плаши од наметнатите предрасуди кои Европа ги има за бегалците од земјите на Блискот Исток и Северна Африка и верува дека ќе биде прифатен.
“Не се плашам. Мислам дека Европа ќе не прифати”, изјави мигрантот, појаснувајќи дека во Бангладеж има политички проблеми.
“Ве молам помогнете ни. Пет дена сме на овој граничен премин” , вели тој, истакнувајќи дека нема намера да се врати во неговата земја.
“Ако се вратам во мојата земја, ќе ме убијат. Подобро да ме убијат тука отколку таму” , рече мигрантот од Бангладеж.
Прифатниот бегалски камп е полн, постојано влегуваат нови групи бегалци, додека оние што веќе подолго време се тука, патуваат со автобус или такси превоз. Хуманитарните организации кои работат на терен, во секоја смисла настојуваат да им помогнат на бегалците.
Тања Антиќ, дел од медицинскиот тим на Црвениот Крст, во разговор за АА, вели дека тие им помагаат на бегалците без разлика на состојбата на граничниот премин и во кампот. Антиќ вели дека медицинските екипи одат и до граничниот премин доколку тоа го налага ситуацијата и потребите на бегалците.
“Бидејќи сме транзит зона имам капацитет да се справиме со овој голем број на луѓе. Возовите доаѓаат по потреба исто така имаме автобуси и такси превоз. Имаме капацитет да се справиме со кризата ,но ќе видиме ситуацијата како ќе се одвива”, изјавува Антиќ.
Откако од грчката страна неконтролирано влегуваа бегалците се отежна работата и на хуманитарните организации кои работат на справување со кризата, кажува Антиќ.
“Отежната е работата, сега имаме настинки бидејќи времето се менува , ако заврне уште потешко им е на нив бидејќи ќе бидаат намокрени, седаат така па високи температури се појавуваат. Исто така заради менување на храната тие се справуваат со некои стомачни болести“ , додаде Антиќ.