Amina Zorniç
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ЗАПОРОЖЈЕ (АА) - Украинските волонтери во градот Запорожје во југоисточниот дел од земјата направија интересна инсталација во облик на железен трон, јавува Anadolu Agency (AA).
Тронот тежи околу 1.300 килограми, а составен е од артилериска муниција, куршуми и гранати собрани во воената зона во Донбас.
На овој начин волонтерите сакаат да го привлечат вниманието на светската јавност за конфликтот во источна Украина.
Туристите и граѓаните симболично на железниот трон оставија цвеќе.