Alaattin Doğru
21 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Французинка, која неодамна била отпуштена од работа, доби рекорден џекпот од 109,3 милиони евра на лотарија, пренесува Анадолу.
ФДЈ, организатор на француската национална лотарија, соопшти дека жена во педесетти години, која живее во Морбихан, купила талон на EuroMillions и подоцна сфатила дека победила кога го проверила талонот.
Таа истакна дека е поголема веројатноста да се биде погоден од гром отколку да се добие на лотарија: „Се чини дека судбината одлучила поинаку“, рече таа.
Жената не сака да ѝ се објави идентитетот.
Таа истакна дека повеќе нема да се соочува со притисокот за работа што ја загрижувал и дека планира да купи куќа и да патува во Мексико или Тајланд.