Laith Joneidi
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ПЕТРА (АА) – Пред многу години животот на Новозеланѓанката Маргарет ван Гелдермалсен во целост се измени по нејзиното доаѓање како турист во јорданскиот град Петра. По склопениот брак со еден „бедуин“, долги години живеела во пештера и по смртта на сопругот издаде книга за преживеаните настани, денеска ги прима посетителите на историскиот град во просториите на своето скромно дуќанче за сувенири, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа несекојдневна приказана која на дописникот на АА ја раскажа Гелдермалсен, рекла дека нејзиното патување започнало 1978 година како турист.
Гелдермалсен која во Петра дошла со пријатели од Австралија и по запознавањето со јорданецот Мухамед Абдулах, се заљубиле еден во друг, рече: „Со мојот сопруг, кој имаше бедуински стил на живот, живеевме во пештера сѐ до 1985 година, кога со одлука на државата бевме префрлени во селото Ум Сајхун.

Семејството на Гелдермалсен не гледало со симпатии кон овој брак, но истакна дека била многу добро прифатена од страна на јорданскиот народ, истакнувајќи:
„Ова е мојот живот и мојот брак. По склопениот брак повеќепати бев во посета на моето семејство и татко ми многупати ме посети. Гледајќи оддалеку се создава поинаква слика, но живеејќи заедно со Јорданците, многу е лесно да се стане пријател со нив. Јорданците се многу добри луѓе.“
- „Брак со бедуин“ -
Гелдермалсен вели дека по смртта на нејзиниот сопруг Абдулах во 2002 година, со кој има две момчиња и една ќерка, не го напуштила Јордан. За својата книга „Брак со бедуин“ Гелдермалсен го кажа следново:
„Во Јордан живеам 38 години. По смртта на Мухамед донесов одлука да напишам книга. Книга во која покрај мојот брачен живот ќе го раскажам животниот стил на бедуините и бедуинското достоинство. Почувствував потреба да ги преточам во пишани зборови годините поминати со него, нашиот брак, нашите деца Селва, Рами и Мерван и животот во пештера.“

Гелдермалсен истакна дека книгата е преведена на 14 јазици и на посетитлите на скромното дуќанче за сувенири им раскажува за својата необична животна приказна потпишувајќи се на книгите.