Adam Abu-bashal
21 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3,8 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.841.462.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 101.037.
Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.383.905 лица.
Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко, Египет и Етиопија.