Adam Abu-bashal
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1.473.000 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 5.863 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.473.418.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 297 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 35.512.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.586 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.901) и Алжир (2.113 смртни случаи).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (671.669), по која следуваат Мароко (119.107) и Египет (102.955).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.218.331 лице.