Emel Gözellik
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 20 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 20.026.161 лице.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 5.199.444 лица се позитивни на овој вирус.
По САД следуваат Бразил со детектирани 3.035.582 случаи, Индија со 2.215.074, Русија со 887.536, Јужноафриканска Република со 559.859, Мексико со 480.278, Пери со 478.024, Колумбија со 387.481, Чиле со 373.056, Шпанија со 361.442, Иран со 326.712, Велика Британија со 310.825, Саудиска Арабија со 288.690, Пакистан со 284.660, Бангладеш со 257.600, Италија со 250.566 и Аргентина со 246.499.
Во Турција со Ковид-19 досега на вирусот позитивни се 240.804 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 100.000 се следни:
„Германија (217.281), Франција (197.921), Ирак (150.115), Филипините (129.913), Индонезија (125.396), Канада (119.451) и Катар (112.947)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 734.020 лица, излекувани се 12.900.625 лица, додека има 6.391.516 активни случаи.