Emel Gözellik
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 8,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 8.512.227 лица.
Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во САД, каде што 2.246.690 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 965.512 откриени случаи, Русија со 561.091 откриен случај, Индија со 377.122 откриени случаи, Велика Британија со 300.469, Шпанија со 292.348 откриени случаи, Перу со 240.908 откриени случаи, Италија со 238.159 откриени случаи, Чиле со 225.103 откриени случаи, Иран со 197.647 откриени случаи и Германија со 189.565 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 182.727 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
„Пакистан (160.118), Мексико (159.793), Франција (158.174), Саудиска Арабија (145.991), Бангладеш (102.292), Канада (100.146), Катар ( 84.441), Кина (83.293), Јужноафриканска Република (80.412), Белгија (60.348), Колумбија (57.046), Белорусија (56.657) и Шведска (56.043)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 453.435 лица, излекувани се 4.485.849 лица, додека 3.572.943 лица се во процес на лекување.