Emre Aytekin
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 500.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починале 501.309 лица, додека бројот на потврдени случаи со овој вирус се искачил на 10.082.618 лица.
Најголем број смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде што починати се 128.152 лица.
По САД следуваат Бразил (57.103), Велика Британија (43.514), Италија (34.716), Франција (29.778), Шпанија (28.341), Мексико (26.381), Индија (16.103), Иран (10.364), Белгија (9.732), Перу (9.135), Германија (9.026), Русија (8.969), Канада (8.516), Холандија (6.105), Чиле (5.347), Шведска (5.280) и Турција (5.082).
Земјите во кои бројката на починати надмина 1.000 лица се:
Кина (4.634), Еквадор (4.424), Пакистан (4.035), Колумбија (2.939), Индонезија (2.720), Египет (2.708), Јужноафриканска Република (2.413), Шведска (1.962), Ирска (1.734), Бангладеш (1.695), Ирак (1.660), Романија (1.589), Португалија (1.561), Саудиска Арабија (1.511), Полска (1.435), Филипини (1.236), Аргентина (1.207) и Украина (1.110).
Во светот од Ковид-19 се излекувани 5.458.523 лица.