Ekip
12 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ЧАНДИГАР
Билансот на случаи на коронавирусот во Индија премина 7,12 милиони, откако во земјата во изминатите 24 часа се регистрирани 66.732 заразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дневниот број на случаите на заразување во земјата во моментот покажува мал пад, според податоците на Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени 816 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Индија од последиците на вирусот изнесува 109.150. Денешната бројка на починати лица досега е најниска овој месец.
Индија стана втора земја на глобално ниво со 7 милиони случаи по САД. Здравствените експерти веруваат дека Индија може да ги надмине САД, најсилно погодената земја во светот - според обемот на пандемијата.