Yusuf Özcan
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ПАРИЗ (AA) - Во Франција од последиците на вирусот Ковид-19 (коронавирусот) досега починаа 8.078 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство потврдено е дека во последните 24 саати бројот на заразените е зголемен за 1873, со што вкупната бројка на заразени од коронавирусот изнесува 70.478.
Бројот на пациентите на одделите за интензивна нега е зголемен за 140 лица, со што бројот е зголемен на 6.978.
Од коронавирусот се опоравија 16.183 лица. Бројот на луѓето кои го загубија животот во болниците поради пандемијата порасна за 357 во последните 24 саати со што се искачи на 5.889, а бројката на луѓето кои го загубија животот во домовите за стари лица ширум земјата од 1 март порасна на 2.189. Така, вкупната бројка на полинати достигна 8.078.
Во последните 24 саатзабележан е пад во однос на вчера во бројот на смртните случаи во болниците.
Франција е четврта земја во светот со највеќе жртви од последниците на Ковид-19.