Hasan Esen
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) починаа 616 лица, со што вкупната бројка на починати достигна 18.718 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британското Министерство за здравство соопшти дека во истиот период се потврдени 4.583 нови случаи на заразување, со што вкупната бројка заразени во таа земја порасна на 138.078.
Тестирани се уште 14.629 лица и вкупната бројка тестирани од почетокот на епидемијата во таа земја достигна 425.821, односно со ретестираните 583.496.
Во Велика Британија најголемиот број починати е забележан на 10 април кога во еден ден починаа 980 заразени лица, а во бројот на починати на дневно ниво по тој ден е забележан привремен пат.
Велика Британија на 23 март воведе низа ограничувања кои се однесуваат на движењето на населението, но и затворање на сите објекти кои пружаат комерцијални услуги освен маркетите и аптеките.