Yusuf Hatip
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
БРИСЕЛ
Бројот на лица кај кои е детектиран новиот тип коронавирус во Белгија се искачи на 26.667, додека бројот на починати е поголем од 3.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од белгискиот Кризен центар информираат дека во последните 24 часа на тестот за Ковид-19 позитивни биле уште 1.684 лица, со што вкупниот број на заразени во оваа земја достигна 26.667.
Бројот на хоспитализирани лица во истиот период е зголемен на 5.610, додека излечени се 404 болни.
Во период од 18 до 31 март во старечките домови во Белгија починале 171 лице од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус, додека во изминатите 24 часа во таа земја починаа уште 325 заболени, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 3.019.