Yaser Arafat Mohamed Albanna,Hamdi Yıldız
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ГАЗА (АА) - Во Појасот Газа, што е под блокада, откриен е првиот случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-министерот за здравство, Јусуф Ебуриш, на прес-конференција истакна дека на две лица, што во четвртокот се вратиле од Пакистан, им е дијагностициран Ковид-19.
Ебуриш информираше дека овие две лица биле задржани во карантин од моментот на влегување во земјата од граничниот премин „Рафах“, и дека тие не влегле во градот.
Тој нагласи дека претходно не биле откриени случаи со коронавирус, и дека овие случаи се откриени за првпат.
Ебуриш рече дека во согласност со инструкциите на Министерството за здравство, лицата кои однадвор влегуваат во Газа се изложени на задолжителен карантин.