Cüneyt Karadağ
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 5.132 заразени со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот државен Институт „Роберт Кох“(RKI) објави дека ова е најголемиот дневен број на заразени од април, и дека вкупниот број случаи на Ковид-19 е зголемен на 334.585.
Во последните 24 часа во оваа земја се регистрирани 43 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 9.677. На одделите за интензивна нега во моментот се наоѓаат 620 пациенти заразени со Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата во Германија од Ковид-19 оздравеа 281.900 пациенти.