Muhammet Nazım Taşcı
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија вкупниот број на лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 275 илјади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Индиското Министерство за здравство и благосостојба на семејството објави дека во последните 24 часа се детектирани 9.985 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 276.583.
Последните 24 часа од последиците предизвикани поради заразеност со новиот тип коронавирус во Индија починаа 274 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во Индија на 7.745.
Во исто време, вкупниот број на лица што оздравеа од коронавирусот изнесува 135.206.
Индиската држава Махарашта е најпогодена од пандемијата на Ковид-19 со 90.787 лица позитивни на коронавирусот. По неа следуваат Тамил Наду со 39.914 и националното подрачје на главниот град Делхи со 31.309 случаи.
Намалувањето на превентивните мерки против Ковид-19 во Индија и повторното отворање на рестораните, трговските центри и местата за богослужба предизвикаа видливо зголемување на бројот на новозаразени во земјата.