Mustafa Melih Ahıshalı
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 21.571, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починале уште 109 лица.
Наведувајќи дека во последните денови има мало намалување на дијагностицираните случаи со Ковид-19, Лари рече дека вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 21.571.
Таа информираше дека во земјата во последното деноноќие се дијагностицирани уште 1.642 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи се зголеми на 375.212.
Според Лари, 3.729 заразено лице се наоѓа во тешка состојба, а оздравеле 323.233 лица.
Портпаролката нагласи дека во земјата досега се направени 3.231.110 тестирања за Ковид-19.