Muhammet Kurşun
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 58.189, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 79 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 58.189.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 6.870 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 1.438.286.
Според Лари, 3.838 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 1.229.391 лице.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 9.449.657 тестирања за Ковид-19.