Barış Seçkin
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
РИМ (АА) - Во последните 24 часа во Италија како последица на коронавирусот (Ковид-19) починаа пет лица, односно вкупно 35.102 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Италија ги сподели последните информации за епидемиолошката состојба во земјата, каде веќе пет месеци владее епидемија на Ковид-19.
До денес со Ковид-19 се заразени вкупно 245.032 лица. Во последните 24 часа потврдени се 275 случаи на вирусот. Четири дена по ред бројот на случаи на Ковид-19 во текот на 24 часа е над 250.
Бројот на активни случаи е зголемен на 12.442.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 е поголем за 128 и изнесува 198.320.
Во Италија досега направени се 6.520.046 тестирања за Ковид-19.