Fuat Kabakcı
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ПЕКИНГ
Во Кина, во изминатите 24 часа се потврдени два нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Националниот здравствен завод на Кина е соопштено дека еден случај е увезен, додека другиот е забележан во Шангај, најнаселениот град на Кина.
Во сооопштението се наведува дека бројот на увезените случаи се зголемил на 1.709.
Во Кина вкупниот број на заразени со Ковид-19 достигна 82.967, а од последиците на заразувањето досега починаа 4.634 лица.
Според информациите на „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), во Хонгконг во изминатиот ден се потврдени седум нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.062. Станува збор за увезени случаи.