Nuri Aydın
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Мексико во последните 24 часа од новиот тип коронавирус, Ковид-19, починаа 424 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство, во текот на последното деноноќие во земјата евидентирани се 424 смртни случаи од вирусот, со што вкупниот број на починати во земјата достигна 16.872.
Во текот на последните 24 часа регистрирани се 3.494 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 142.690.
На 27 мај во Мексико билансот на починати во текот на 24 часа за првпат ја надмина бројката од 500.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше регистриран на 19 март.