Burak Bir
12 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Во Мексико во последните 24 часа од новиот тип на коронавирус, Ковид-19, починаа 587 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 15.944, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 4.790 лица се позитивни на Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 133.974“, соопштува Министерството за здравство.
Првиот случај на заразеност со Ковид-19 во Мексико беше забележан на 28 февруари, а првиот смртен случај од последиците на вирусот на 19 март.
Пандемијата одзеде повеќе од 421.000 животи низ светот, додека вкупниот број на заразени во светот изнесува над 7,51 милион. Повеќе од 3,54 милиони лица оздравеа, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.