Elena Teslova
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
МОСКВА
Во Русија денеска е регистриран нов рекорден број на потврдени случаи на заразување и смртни случаи од последиците на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Потврдени се вкупно 4.069 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени изнесува 32.007“, се вели во соопштението на тимот за итни случаи на земјата.
„Вкупниот број на починати се искачи на 273, при што во текот на изминатите 24 часа починаа 41 лице“, пишува во соопштението.
Бројот на починати лица од вторникот е во значителен пораст.
Излекувани се 2.590 лица, заклучно со 286 од вчера.
Тестирањето во земјата продолжува, при што досега се извршени 1,7 милион тестови.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,2 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е речиси 146.000. Речиси 550.000 пациенти се излекувани.