Ali Cura
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
МОСКВА
Во изминатите 24 часа во Русија се потврдени 8.779 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во таа земја се зголеми на 502.436, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за превенција и контрола на инфективни болести на Русија објави преглед на епидемиолошката слика во која се наведува дека во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починале уште 174 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во таа земја е зголемен на 6.532.
Во Русија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 се излекуваа вкупно 261.150 лица, вклучувајќи и 8.367 лица кои лекувањето го завршиле во текот на изминатиот ден.
Епицентарот на пандемијата во Русија е главниот град Москва во кој во изминатиот ден се потврдени 1.436 нови случаи на заразување и во кој починаа уште 53 заболени лица. Во Москва со Ковид-19 се заразени 201.221 лице, а починаа вкупно 3.138 заразени.
Под сомневање дека се заразени со Ковид-19 во Русија досега се тестирани речиси 14 милиони лица, а само во текот на изминатиот ден се тестирани 329.000 лица.
Руските власти ги ублажија рестриктивните мерки во регионите со поволна епидемиолошка слика, а во Москва од вторникот е укинато ограничувањето на движењето на луѓето кое беше воведено кон крајот на март.