Emel Gözellik,Nazlı Yüzbaşıoğlu
24 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
АНКАРА
Со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени повеќе од 99,32 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на "Worldometer", покажуваат дека од последиците на заразувањето починаа 2.130.422 лица.
Бројот на заразените е зголемен на 99.329.288, додека од болеста се опоравија 71.383.206 лица.
Највеќе заразени се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде заразувањето е потврдено кај 25.566.789 лица. Починаа 427. 635 заразени.
Останатите земји со највеќе заразени се Индија (10.655.435), Бразил (8.816.254), Русија (3.698.273), Велика Британија (3.617.459), Франција (3.035.181), Шпанија (2.603.472), Италија (2.455.185), Турција (2.424.328), Германија (2.137.689) и Колумбија (2.002.969).