Büşra Selvi Öğütcen
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во светот досега од новиот тип коронавирус, Ковид-19, оздравеа повеќе од 23 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот досега оздравеа вкупно 23.115.456 лица.
Најмногу оздравени лица има во Индија и тоа 4.497.867, потоа следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 4.299.525 оздравени, Бразил со 3.887.199, Русија со 911.973, Колумбија со 640.900, Перу со 622.418 и Јужноафриканската Република со 591.208 оздравени.
Во Турција досега оздравени се 268.435 лица заразени со коронавирусот.
Во светот од почетокот на епидемијата регистрирани се над 31.000.000 случаи на Ковид-19, а како последица на вирусот починаа повеќе од 969.000 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.