Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
АНКАРА (АА) – Во Турција регистрирани се над 108.000 нови случаи на коронавирусот, соопшти турското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството потврди 108.563 новозаразени и 266 смртни случаи поврзани со вирусот, како и 88.647 оздравени во текот на изминатиот ден.
Во земјата спроведени се вкупно 452.363 тестирања за вирусот.
Во Турција, од почетокот на кампањата за вакцинација во јануари 2021 година, администрирани се над 143,47 милиони дози од вакцините против Ковид-19.
Над 57,52 милиони луѓе ја имаат примено првата доза, додека над 52,56 милиони се целосно вакцинирани. Трета бустер доза им е аплицирана на над 25,88 милиони луѓе.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, преку Твитер соопшти дека градовите каде што за првпат се рашири варијантата Омикрон во земјата покажале значителен пад на бројот на нови случаи.
„Ситуацијата се очекува да биде слична и во другите наши градови“, додаде тој.