Cüneyt Karadağ
13 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
БЕРЛИН
Во Германија во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 294 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 78.746, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот „Роберт Кох“ (RKI) соопштено е дека во истиот период се регистрирани 10.810 нови случаи на коронавирус.
Во соопштението се истакнува дека вкупниот број на заразени достигна 3.022.323.
Се наведува дека првата доза на вакцината против коронавирусот ја примиле 13.567.817 лица, додека 5.117.056 ја примија и втората доза.
Германската канцеларка Ангела Меркел и сојузните премиери на состанокот на 22 март мерките ги продолжија до 18 април, првенствени поради порастот на бројот на заразени со мутираните облици на коронавирусот кои се појавија и во таа држава.