Ayhan Şimşek
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БЕРЛИН (АА) - Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Германија достигна речиси 500.000, при што во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни повеќе од 18.000 случаи на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ во изминатите 24 часа потврди 18.681 нов случај на Ковид-19, што е највисок дневен пораст трет ден по ред.
Во текот на претходниот ден беа регистрирани 16.774 нови случаи на заразување.
Локалните здравствени власти пријавија 77 нови жртви како последица на вирусот, со што вкупниот број на починати од вирусот изнесува 10.349.
Бројот на пациенти заразени со Ковид-19 кои се наоѓаат на интензивна нега се удвои во текот на изминатите две недели, достигнувајќи 1.696. Речиси половина од нив се на респиратор.
Најнаселената држава Северна Рајна-Вестфалија и југоисточната држава Баварија се регионите најтешко погодени од пандемијата.
Вкупниот број на случаи на Ковид-19 денеска во Германија достигна 499.694, речиси девет месеци откако на крајот на јануари беше регистриран првиот случај.
Земјата во моментов има 142.218 активни случаи според бројките објавени од дневниот весник „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel).
Во Европа, Германија се наоѓа на петтото место според бројот на заразени лица, а пред неа се наоѓаат Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.