Büşra Nur Bilgiç Çakmak
18 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Германија во изминатите 24 часа регистрира 33.777 случаи на Ковид-19, што е највисока бројка за едно деноноќие од почетокот на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Институтот „Роберт Кох“, во земјата досега се заразени околу 1,43 милиони луѓе, вклучувајќи ги и последните бројки.
Од Ковид-19 починаа 813 лица во последните 24 часа, така што бројот на починати од вирусот се зголеми на 24.938.
Во земјата во средата беа евидентирани најголем број на смртни случаи од вирусот, 952 лица.
Денешните случаи го рефлектираат најголемиот раст на заразени за еден ден во Западна Европа.
Германија, поради највисоките бројки досега, во средата влезе во построга изолација, затворајќи ги несуштинските продавници, училиштата и центрите за дневна нега.
Рестораните и кафулињата ќе нудат услуги на достава, најмалку до јануари.
Приватните собирања се ограничени на најмногу пет лица од две домаќинства.
Германија е на петто место во Европа по бројот на случаи со коронавирусот, зад Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.