Ayhan Şimşek
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Германија денеска регистрира уште еден рекорд во дневниот број на случаи на Ковид-19, со пријавени 164.000 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), државна агенција за контрола на болести, во последните 24 часа регистрира 166 смртни случаи како последица на Ковид-19.
Повеќе од 1,53 милиони луѓе во моментот се заразени со Ковид-19, што претставува најголема бројка од почетокот на пандемијата.
Од РКИ е соопштено дека за порастот на бројот на нови случаи на заразување е одговорна омикрон-варијантата која сега сочинува најмалку 89 отсто од последователните случаи на Ковид-19 во земјата.
Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, на Твитер објави дека луѓето не би требало да ја потценуваат варијантата Омикрон, бидејќи најновите податоци покажуваат дека и бројот на хоспитализации почнал повторно да расте.
„Би требало да бидеме загрижени поради овој развој на настани“, изјави Лаутербах.
Здравствените експерти проценуваат дека бројот на нови случаи на Ковид-19 веројатно ќе се зголемува во текот на наредните неколку недели и ќе го достигне врвот до средината на февруари.