Mustafa Deveci
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Израел се искачи на 16 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврди Министерството за здравство на Израел.
Во соопштението се вели дека починало едно 58-годишно лице заразено со коронавирусот.
Според вестите на израелските медиуми, лицето било лекувано во една болница близу Тел Авив, и починало изутрина откако се влошила неговата состојба.
Со ова, бројката на починати од коронавирусот во земјата се искачи на 16 лица.
Инаку, во Израел досега се откриени 4.347 случаи со Ковид-19.