Emel Gözellik
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите што се најмногу погодени од епидемијата на Ковид-19, бројот на дневни случаи падна под 20.000, а во Јужна Кореја под 900, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Индија, бројот на луѓе што починале во земјата во изминатите 24 часа се зголеми на 146.111 со уште 301 смртен случај.
Во последните 24 часа во земјата се откриени 19.862 нови случаи, вкупно 10.075.422. Оздравени се 9.636.487 лица.
Според интернет-порталот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и трета според бројката на смртни случаи поврзани со Ковид-19.
- Кина -
Во Кина во последните 24 часа забележани се 15 новозаразени со Ковид-19, од кои двајца потекнуваат од земјата, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 86.867.
Според податоците на Националната здравствена комисија на Кина, во последните 24 часа во земјата не е забележан ниту еден смртен случај од последици предизвикани од Ковид-19.
Во Кина, каде што се појави Ковид-19, досега починаа 4.634 лица, а оздравени се 81.909 лица претходно заразени со вирусот.
- Јужна Кореја -
Од Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болести е наведено дека во земјата во изминатите 24 часа се откриени 869 нови случаи, со што вкупниот број на случаи е зголемен на 51.460.
Во изминатите 24 часа починаа уште 24 лица, вкупно 722 од почетокот на пандемијата.
Досега оздравеа 35.928 лица претходно заразени со вирусот.