Ahmet Dursun
03 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА (АА) - Заменик-претседателот на Парламентот на Иран, Абдуриза Мисри, соопшти дека кај 23 пратеници е откриен новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Клубот на млади новинари при иранската државна телевизија, Мисри во иранскиот главен град, Техеран, информираше за последните случувања во врска со Ковид-19.
„Досега тестовите за коронавирусот кај 23 пратеници се позитивни“, рече Мисри.
Тој нагласи дека овие пратеници имале близок контакт со народот, и дека е можно вирусот да се ширел на овој начин.
„Со цел да се намалат штетите што може да се предивикаат, ним им препорачуваме да го прекинат контактот со граѓаните“, додаде тој.
Мисри рече дека Парламентот ќе продолжи со работа, но според него привремено се прекинати средбите на пратениците со граѓаните.
Инаку, во Иран од коронавирусот починаа 66, додека бројот на откриени случаи се искачи на 1.501.