Mustafa Deveci
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Истражување спроведено во Израел покажа дека антителата против Ковид-19 се наоѓаат и во млекото на жените кои дојат, а кои примиле вакцина против вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истражувањето е спроведено на примерок од 10 доилки, во организација на Универзитетот во Тел Авив и Медицинскиот центар „Сураски“.
Во текот на истражувањето четирипати се земени примероци од крв и млеко од жени кои дојат, а кои ги примиле и двете дози од вакцината против коронавирусот.
Истражувањето покажало дека антитела против Ковид-19 се најдени и во млекото на доилките кои примиле вакцина.
Се истакнува дека нивото на антителата кои се наоѓаат во млекото би можело да биде доволно за заштита на бебињата од коронавирусот.