Barış Seçkin
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа од последиците на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починаа 11 лица, вкупно 35.028, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство ги соопшти последните информации во врска со епидемиолошката состојба во земјата предизвикана од Ковид-19.
Во согласност со тоа, бројот на активни случаи е намален на 12.456. До денес бројот на заразени е зголемен на 243.967. Во последните 24 часа се потврдени 233 нови случаи на заразување.
Бројот на оздравени е поголем за 237, односно вкупно 196.483.
Во последните 24 часа починаа 11 лица, вкупно 35.028 досега.
Во Италија на присуство на Ковид-19 се спроведени 6.154.259 тестирања.