Handan Kazancı
27 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
ПЕКИНГ (AA) – Билансот на починати од последиците на заразување со вирусот Ковид-19 (коронавирусот) е зголемен на 2.717 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека во изминатите 24 часа починале 29 заразени лица, со што бројот на починати од заразување со опасниот вирус во таа земја се зголеми на 2.746.
Националната здравствена комисија на Кина наведува дека заразата е потврдена кај вкупно 78.497 пациенти и дека моментално под медицински надзор се 78.064 лица. Се истакнува дека досега 32.495 лица се отпуштени од лекување.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи на заразување се потврдени во повеќе од 30 земји низ светот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност, а бројни авиокомпании ги запреа летовите кон Кина. Болеста официјално е наречена Ковид-19 (COVID-19).