Riyaz Khaliq Khaliq
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица починаа во кинескиот град Шангај како последица од коронавирусот, што се први смртни случаи откако градот е зафатен со нов бран инфекции од почеток на март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Починатите, на возраст од 89, 90 и 91 година, не биле вакцинирани“, рече Ву Чианју, здравствен службеник во Шангај, јавува дневниот весник „Глобал тајмс“.
„По приемот во одредени болници, нивната состојба се влошила, а директни причини за смртта биле основните болести“, додаде тој.
Шангај, во кој живеат повеќе од 26 милиони луѓе, е во изолација повеќе од две недели поради интензивниот бран на коронавирусот.
Од 26 февруари во градот се регистрирани 24.529 потврдени случаи со Ковид-19.
Вкупниот број на заразени со вирусот во Кина порасна на 185.035, додека 4.641 лице починаа како последица од заразата.