Islam Doğru
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 704 лица, со што вкупниот број на починати достигна 106.945, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ на која се достапни податоците за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во САД во текот на изминатиот ден се потврдени 21.507 нови случаи на заразување.
Според овие податоци, вкупниот број на заразени во САД изнесува 1.860.626.
До сега се излекувани повеќе од 615.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 18.160.000 примероци.
Жариштето на Ковид-19 во САД е Њујорк, каде се заразени 380.825 лица, од кои речиси 30.000 починаа од последиците на вирусот.
САД е најпогодена земја со Ковид-19 во светот, а според бројот на лица позитивни на тестот на вирусот следуваат Бразил (529.405), Русија (423.741) и Шпанија (286.718).