Nuri Aydın,Murat Özgür Güvendik
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
АНКАРА - На светско ниво, новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 72.6 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, досега животот го загубија 1.619.974 лица заразени со коронавирусот.
Вкупниот број на заразени се зголеми на 72.698.898, додека оздравеа 50.914.147 лица позитивни на Ковид-19.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени и смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со 16.737.267 позитивни на вирусот и 306.459 починати како последица на Ковид-19.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на лица позитивни на Ковид-19 надминува еден милион се:
Индија (9.884.716), Бразил (6.901.990), Русија (2.653.928), Франција (2.376.852), Велика Британија (1.849.403), Италија (1.843.712), Турција (1.836.728), Шпанија (1.741.439), Аргентина (1.498.160), Колумбија (1.425.774), Германија (1.338.483), Мексико (1.250.044), Полска (1.135.676) и Иран (1.108.269).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случа надминува 10.000 се:
Бразил (181.419), Индија (143.393), Мексико (113.953), Италија (64.520), Велика Британија (64.170), Франција (57.911), Иран (52.196), Шпанија (47.624), Русија (46.941), Аргентина (40.766), Колумбија (39.053), Перу (36.677), Јужноафриканска Република (23.276), Полска (22.864), Германија (22.406), Индонезија (18.819), Белгија (17.951), Турција (16.417), Чиле (15.886), Украина (15.154), Еквадор (13.875), Канада (13.431), Романија (13.385), Ирак (12.579) и Холандија (10.048).